ЛИНГВИНИ СО СУШЕНИ ДОМАТИ

lingvini so suseni domati

Во летниот период, секогаш се потребни рецепти кои помагаат во борбата против жештината. Поради нивната леснотија, лингивините со сушени домати се вистински погодок! Едноставен рецепт кој не одзема многу време за подготовка, а истовремено е полн со вкусови кои ќе направат да се чувствувате како да сте во ресторан на италијанското крајбрежје.

lingvini so suseni domati

 

Време на подготовка: 40 минути

Подготовка: лесна

Порции: 4

Состојки
400 гр лингвини или шпагети
120 гр сушени домати
1 шише сос од домати
црни маслинки без семка (*наша препорака)
капери OCCHIELLO (*наша препорака)
1 чешне лук
1 китка магдонос
луто пиперче
масло
сол и бибер

Подготовка:

  1. Исечкајте ги одделно лукот, магдоносот и лутото пиперче, сушените домати исечкајте ги на мали парченца.
  2. Сварете ги тестенините ал денте.
  3. Исцедете ги, оставајќи настрана неколку лажици од водата од тестенините.
  4. Тестенините ставете ги во тавче заедно со маслото, сечканите билки и зачините, сушените домати, сосот од домати и водата од тестенините околу 5 минути.
  5. Откако ќе испари водата од тавчето, сервирајте.

Добар апетит!

Употребени производи