ЛАЗАЊИ СО МЕШАНИ ПЕЧУРКИ И МОЦАРЕЛА

Рецептот Лазањи со мешани печурки и моцарела е брз и лесен за подготовка, а ќе добиете вкусно и миризливо есенско јадење. Ова кремасто и богато јадење е деликатес што ќе го сакаат сите.

Време на подготовка: 120 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
250 гр кори за лазања
500 гр бешамел или ROBO ROUX BIANCO
250 гр моцарела
60 гр рендан пармезан
500 гр мешавина од печурки
½ чаша суво бело вино
2 чешниња лук
маслиново масло
сечкан свеж магдонос
сол
бибер
1 чаша млеко или супа
Подготовка
- Исцедете ги печурките.
- Подгответе бешамел или користете ROBO ROUX BIANCO
- Во тава ставете маслиново масло и пропржете го ситно исечканиот лук.
- Додадете ги печурките и белото вино и оставете да испари течноста. Зачинете со сол и бибер, додадете го исечканиот свеж магдонос и ставете настрана.
- Исечете ја моцарела на коцки.
- Истурете 2 лажици бешамел на дното на правоаголна тава. Наредете слој тестенини, премачкајте со бешамел, ставете неколку лажици печурки, моцарела и наросете рендан пармезан. Продолжете на ист начин додека не се искористат сите состојки.
- Истурете го млекото или супата по рабовите на тавата за да се зготват корите.
- Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете во загреана рерна, на 200 ° C, околу 30-40 минути.
- Извадете ја фолијата и продолжете со печење уште 20 минути или додека тестенината не биде мека кога ќе ја боцнете со вилушка и површината добро зацрвенета.
- На крајот на готвењето, можете да преминете на функцијата на скара неколку минути за да направите убава кора.
Добар апетит!