ЛАЗАЊИ СО КРЕМА ОД АРТИЧОКИ И МОЦАРЕЛА

lazanji so krema od artichoki

Сите ги знаеме и ги обожуваме традиционалните лазањи, но не се плашете да пробате нешто ново! Лазањите со крема од артичоки се едно прекрасно јадење кое дава нова димензија на ова вкусно италијанско јадење. Одвојте помалку од еден час и подгответе го едно од највкусните јадења!

lazanji so krema od artichoki

Време на подготовка: 50 минути
Подготовка: лесна
Порции: 2 

Состојки
4 кори за лазања (со јајца)
крема од артичоки
1 топче моцарела или бурата
1-2 чешниња лук
50 гр рендан пармезан
маслиново масло
сол

Подготовка

  1. Исечете половина од моцарелата (или буратата) и тргнете го настрана.
  2. Убаво измиксирајте ја другата половина моцарелата со кремата од артичоки.
  3. Почнете да ја редите лазањата: ставете свежа кора, па еден слој крема од артичоки и малку пармезан, а потоа повторувајте додека не се искористат сите состојки.
  4. Завршете го последниот слој со кремата од артичоки и пармезанот и додадете ја преостанатата моцарела (или бурата) на парчиња.
  5. Печете на 180 ° C за 15-20 минути.
  6. Сервирајте.

Добар апетит!

Употребени производи