КРОКЕТИ СО 4 ВИДА СИРЕЊЕ

Крокети се вкусна закуска и најдоброто јадење што треба да го послужите кога правите забава. Овој рецепт е топчест, кремаст, крцкав… сè што ви е потребно за одлично залче! Подгответе го овој рецепт и изненадете ги пријателите.

Време на подготовка: 1 час и 20 минути
Подготовка: средна
Порции: 12 крокети
Состојки
ЗА КРОКЕТИТЕ:
300 гр варен компир
350 гр крема 4 вида сирење
1 лажица магдонос
брашно
јајце
лебни трошки
масло за пржење
ЗА СОСОТ:
маслиново масло
1 исечкан кромид
1 чешне лук
1 свежо луто пиперче
200 мл супа
25 мл оцет балсамико
220 мл сос од домат
Подготовка
- Изгмечете ги варените компири со вилушка. Додадете ја кремата од четири сирења и магдоносот.
- Изгмечете со раце и формирајте мали топчиња.
- Сплескајте ги меѓу дланките, а потоа извалкајте ги прво во брашното, потоа во јајцето и на крај во лебните трошки.
- Пржете во врело масло од обете страни, сè додека не добијат златно-кафена боја.
- За да го подготвите сосот, пропржете го исечканиот кромид, а потоа додадете ги лукот, лутото пиперче и две лажици од доматното пире (или една лажица двоен концентрат од домати). Промешајте со дрвена лажица.
- Во меѓувреме, во тенџере ставете ја зеленчуковата супа во паста во вода да се вари.
- Додадете ја подготвената супа и оцетот балсамико. Оставете го малку сосот, па додадете го остатокот од доматното пире.
- Послужете ги крокетите придружени со овој вкусен “домашен кечап“.
Добар апетит!
Употребени производи
Преземено од: https://www.degustibus.co/crocchette-quattro-formaggi/