КАПОНАТА

kaponata

Капоната  е типичен сицилијанкси специјалитет, подготвен од разновидни пржени зеленчуци во доматен сос со слатко кисел шмек.  Токму поради многуте различни состојки, а сепак компатибилни, овој рецепт е секогаш огромно задоволство.

kaponata

Време на подготовка: 80 минути
Подготовка: средна
Порции: 4 

Состојки
2 модри патлиџани
1 црвена пиперка
1 жолта пиперка
1 стапче од целер
1 кромид
80 гр зелени маслинки без семка
30 гр капери во сол
2 лажици суво грозје
1 лажица индиски ореви
200 гр сос од домати
40 гр шеќер
1/2 мала чаша оцет
6 листови босилек
маслиново масло
сол
бибер

Подготовка

  1. Започнете со подготовка на потребниот зеленчук. Измијте ги модрите домати, исечете ги на коцки, ставете ги во сад и лесно посолете ги. Оставете ги да одморат половина час, така што ќе изгубат дел од својата вода.
  2. Во меѓувреме, измијте ги пиперките, извадете го семето и исечете ги на мали парчиња. Чувајте ги настрана.
  3. После половина час одмор, добро исцедете го модриот домат, исушете и испржете го во изобилство врело масло. Кога парчињата ќе добијат златникава боја, исцедете ги и оставете ги да се исушат на кујнска хартија што апсорбира.
  4. Во доволно голем сад, загрејте неколку лажици масло заедно со кромидот и целерот, исечени на тенки парчиња.
  5. Оставете неколку минути, а потоа додадете ги каперите, маслинките исечени на половина, сувото грозје и индиските ореви. Измешајте сè и по неколку минути додадете го оцетот, сосот од домат и шеќерот.
  6. Добро измешајте, потоа зачинете со сол и бибер и додадете го босилекот.
  7. Додадете ги и пиперките и варете околу 5 минути. Потоа додајте ги модриот домат, кој претходно сте го испржиле и продолжете со готвењето уште 15 минути. Оцетот мора целосно да испари.
  8. Оставете ја турлитавата најмалку 2 часа да одмори.
  9. Сервирајте.

Добар апетит!

Употребени производи