КАНЕЛОНИ СО ПЕСТО ОД АРТИЧОКИ

Канелоните со песто од артичоки е нешто кон што сакаме да го насочиме нашето внимание, знаејќи дека овие состојки се незаменлив извор на калиум, минерали и железо кои помагаат да се елиминираат токсините. Освен одличен вкус, добивате и полна чинија здравје… уживајте!

Време на подготовка: 40 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
200 гр канелони
2 компира
200 гр песто од артичоки
3 артичоки
½ л бел ру / бешамел
60 гр пармезан
30 гр путер
чешне лук
сол
бибер
Подготовка
- Измијте ги компирите и сварете ги, а потоа ставете ги во ладна вода, излупете ги и изгмечете ги со вилушка.
- Артичоките измијте ги, исечете ги на парчиња и ставете ги во тенџере да се готват со 2 лажици масло и едно излупено чешне лук.
- Кога ќе бидат готови, додадете го испасираниот компир и тргнете од оган по некоја минута. Извадете го лукот и додадете сол.
- Додадете го пестото од артичоки и поврзете ја смесата со 2 лажици бел ру.
- Сварете ги канелоните во зовриена вода помалку од минута, додавајќи малку масло во солената вода.
- Канелоните исцедете ги убаво и оставете да се исушат, а потоа наполнете ги со смесата од артичоки и компир и ставете ги во сад за печење.
- Прелијте ги со преостанатиот бел ру и одозгора наросете го пармезанот, бибери ставете во рерна на 200 степени да се пече околу 15 минути.
- Сервирајте топло.
Добар апетит!