КАЛЦОНЕ СО РИКОТА И СУШЕНИ ДОМАТИ

kalcone so rikota

Калцоне со рикота и сушени домати е лесно и едноставно за подготовка. Не одзема многу време, а она што ќе го добиете се вкусни затворени пици. Едноставноста е во тоа што може да се подготви од тесто за пица со најразлични варијанти за полнење!

kalcone so rikota

 

Време на подготовка: 35 минути

Подготовка: лесна

Порции: 6-8

Состојки
500 гр тесто за пица
150 гр рикота
150 гр моцарела
200 гр полусушени домати на филети
200 гр црни маслинки без семка (наша препорака)
црвен пипер (по вкус)
сол (по вкус)
маслиново масло (по вкус)

Подготовка

Ставете ја рикотата во сад и додајте по желба црвен пипер и сол. Измешајте убаво.

  1. Додадете ја исечканата моцарела.
  2. Раширете го тестото за пица во висина од околу 1-2 cm и, со помош на кружен калап, исечете 6-8 кругови.
  3. Во средината на секој од круговите ставете малку рикота и моцарела и по неколку полусушени филети од домат и сецкани маслинки.
  4. Навлажнете ги рабовите на тестото и затворете, запечатувајќи добро. Можете да го направите тоа со вилушка за да не се отворат за време на готвењето.
  5. Ставете ги во сад за печење обложен со хартија за печење и премачкајте ги со малку масло.
  6. Печете на 200 степени околу 20 минути, додека не станат златно-кафени.
  7. Извадете ги од рерната и послужете вкусно и топло калцоне полнето со рикота и полусушени домати.

Добар апетит!

Употребени производи