ЈАГНЕШКО МЕСО СО ПЕЧУРКИ

jagneshko meso so pechurki

Јагнешкото месо со печурки е вкусно главно јадење погодно за гурмани. За љубителите на средно печено месо, ова е совршен избор. Знаеме дека печурките совршено одговараат во комбинација со месо, а особено во овој рецепт кога се искомбинирани со кафеав ру. Уживајте во вкусовите!

jagneshko meso so pechurki

Време на подготовка: 60 минути
Подготовка: средна
Порции: 2 

Состојки
1 цело парче јагнешко месо со ребра (околу 800 грама)
Фантазија од печурки
кафеав ру
маслиново масло
морска сол
бибер
билки (рузмарин, мајоран, мајчина душица и сл.)
путер
лебни трошки

Подготовка

  1. Парчето месо со ребра се зачинува со маслиново масло, морска сол и бибер, а потоа се става во рерна да се пече на највисока температура 15тина минути.
  2. Во еден сад ставете лебни трошки, растопен путер, лук и свежи билки (рузмарин, мајчина душица, мајоран) и измешајте, а потоа прекријте го јагнешкото со оваа мешавина.
  3. Потоа, јагнешкото ставете го да се пече на највисока температура додека внатрешната температура не се стане средно печено, а потоа извадете го од рерната и оставете го да отстои 15 минути пред да го исечете.
  4. Додека јагнешкото се одмара, подгответе го сосот од кафеав ру и печурки.
  5. Потоа исечете го месото и во чинија ставете од сосот и одозгора ставете едно парче од месото со ребро.
  6. Сервирајте.

Добар апетит!

Употребени производи