ХУМУС

Многу брз рецепт со многу разновидна употреба, хумусот е всушност пате од наут, типичен за либанската кујна. Одлично ќе го дополни вашето мезе во летните вечери во друштво со пријателите.

Време на подготовка: 20 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
400 гр наут
сок од половина лимон
2 лажици таан
1 лажичка ким
магдонос (по желба)
1 чешне лук
црвен пипер (по желба)
маслиново масло
сол
бибер
Подготовка
- Исцедете го наутот и ставете го во блендер заедно со чешнето лук кое ќе го исечете на половина за полесно да се изблендира. Додадете го таанот, кимот и малку маслиново масло. Блендирајте сѐ со умерена брзина. Полека додавајте масло додека не добиете хомогена смеса.
- Кога наутот ќе стане кремаст, додадете сол, бибер и сок од половина лимон.
- Продолжете да блендирате со максимална брзина и, по потреба, додадете масло или топла вода сѐ додека состојките не се соединат убаво.
- Оставете да отстои во фрижидер неколку минути.
- Сервирајте со наросување црвен пипер и сечкан магдонос, секако придужено со земичка, лепче за гиро, лепче на тост и слично.
Добар апетит!