ХАМБУРГЕР НА ИТАЛИЈАНСКИ НАЧИН

Еден малку поинаков хамбургер: хамбургер на италијански начин, во три бои со медитерански вкус: песто, сушени домати и моцарела. Совршени спој на неодоливи вкусови.

Време на подготовка: 15 минути
Подготовка: лесна
Порции: 1
Состојки
1 лепче за хамбургер
1 плескавица
3 лажици песто
3 сушени домати
1 парче сланина
1 лажица маслиново масло
1 парче моцарела
неколку лисја салата
бибер
сол
Подготовка
- Исечете го лепчето на два дела и потпечете ги.
- Намачкајте ја внатрешноста на лепчињата со песто, а потоа поставете ги сушените домати на лепчето што ќе биде одоздола.
- Парчето сланина пропржете го.
- Во истото тавче, ставете ја плескавицата, малку маслиново масло и продолжете го готвење. Потоа свртете ја, посолете го и додадете малку бибер. Потоа ставете парче моцарела одозгора и почекајте да се стопи целосно.
- Ставете ја плескавицата со моцарела врз сушените домати, додајте ја сланината и салатата. Затворете со горниот дел од лепчето.
- Сервирајте.
Добар апетит!