ГРАВ НА МЕКСИКАНСКИ НАЧИН

Гравот на мексикански начин е јадење кое во зимскиот период веднаш ќе ви го стопли срцето и душата. Од оваа комбинација на состојки прсти ќе излижете и нема ништо да оставите во чинијата!

Време на подготовка: 60 минути
Подготовка: лесна
Порции: 2
Состојки
200гр црвен грав
2 кутлачи доматно пире
80гр сланина
1 црвен кромид
1 луто пиперче
сол
бибер
1 стапче цимет
1 лаворов лист
2 гранчиња рузмарин
маслиново масло
500мл зеленчукова супа
Подготовка
- Исечете го кромидот на тенки парчиња и грубо исечкајте ја сланината. Загрејте 3 лажици масло во голем длабок сад и пропржете ја сланината со кромидот 2 минути.
- Додадете ги гравот, ловоровиот лист, циметот, чили пиперчето и варете на висока температура 5 минути, мешајќи.
- Потоа додадете го доматното пире и зеленчуковата супа, покријте го со капакот и варете 30-40 минути.
- Земете 2 кутлачи од супата и измиксирајте ги за да добиете кремаста основа: додајте ја во остатокот од супата и измешајте.
- Зачинете со сол и бибер, извадете го цимет и ловоровиот лист.
- Сервирајте со тортилја или потпечен леб, ставајќи во која порција малку маслиново масло.
Добар апетит!