ГРАТИН ОД БЕЛ АСПАРАГУС

Гратинот од аспарагус е интересно јадење кое едноставно ќе го подготвите. Одличната комбинација на бел аспарагус со бешамел и кашкавал го прави ова јадење меко во внатрешноста, а со крцкава кора. Одличен неделен ручек.

Време на подготовка: 40 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
бел аспарагус
кравји кашкавал Монтасио (по вкус)
млад кравји кашкавал Монтасио (по вкус)
путер (по вкус)
1 јајце
млеко (по вкус)
брашно (по желба)
сол
Подготовка
- Во тенџере подгответе не многу течен бешамел. Може да користите и Robo Roux Bianco
- Тавата убаво намачкајте ја со путер, додадете неколку лажици бешамел и одозгора ставете го белиот аспарагус.
- Одозгора ставете парче млад кравји кашкавал, па повторно слој бешамел.
- Потоа наросете голема количина од кравјиот кашкавал Монтасио.
- Ставете малку путер и печете во рерна околу 10 минути.
Добар апетит!