ГОВЕДСКО СО АРТИЧОКИ

Подготовката на филето со артичоки е навистина полесно да се подготви отколку што изгледа. Ова е рецепт кој е одлично главно јадење со телешко месо, во комбинација со артичоки. Подгответе го и уживајте!

Време на подготовка: 60 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
600 гр говедско филе
4 артичоки
40 гр путер
1 чешне лук
3 сушени домати
1 гранче рузмарин
сол
Подготовка
- Артичоките исцедете ги и исечете ги на половина, а потоа на потенки надолжни парчиња.
- Исушените домати исечкајте ги на ленти и држете ги настрана.
- Во меѓувреме, стопете го путерот во тавче со ниски рабови и внимавајте да не го изгорите. Додадете го филето и пропржете го од двете страни по 2-3 минути.
- Потоа додадете сол, извадете ги филетите и држете ги топли настрана.
- Во садот од месото ставете ги исушените домати, артичоките, чешнето лук и гранчето рузмарин. Добро измешајте.
- Исечете го филето на парчиња и додадете ги артичоките и сушените домати.
- Сервирајте.
Добар апетит!