ГОВЕДСКО МЕСО СО ПЕЧУРКИ И ЦРН ТАРТУФ

govedsko meso so pechurki i crn trayf

Рецепт со сигурен ефект – говедско месо со печурки и црн тартуф е идеален избор! Ова јадење ги задоволува сечии непца! Нема да поверувате каков ефект ќе добиете со многу лесна и брза подготовка. Уживајте!

govedsko meso so pechurki i crn trayf

Време на подготовка: 25 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4 

Состојки
1 кг говедски шницли
500 гр мешавина од печурки
1 лажица пате од црн тартуф
15 гр сечкан магдонос
сол
бибер
5 лажици маслиново масло

Подготовка

  1. Во едно големо тавче ставете 3 лажици маслиново масло и пропржете две чешниња лук.
  2. Додадете ги печурките и оставете да се готви на умерена температура околу 6 минути. Пред да омекнат целосно печурките, додадете сол, бибер и сечкан магдонос.
  3. Убаво измешајте, изгасете го огнот и во тавчето додадете ја лажичката пате од црн тартуф. Покријте и тргнете настрана.
  4. За да не се изгуби формата на шницлата, врзете го секое парче со готварски конец.
  5. Во тавче со малку масло ставете ги парчињата месо и гответе од двете страни по околу 5 минути. Додадете сол по желба.
  6. Откако ќе бидат готови, ставете ги во чинија и одозгора ставете ги печурките со пате од црн тартуф.
  7. Сервирајте.

Добар апетит!

Употребени производи