ФОКАЧА СО РИКОТА, ЧАЈНА И ПЕСТО ОД СУШЕНИ ДОМАТИ

fokacha so rikota, chajna i pesto od susheni domati

Сендвичот од фокача е полн со вкусови и текстури: свежа и крцкава марула, кремаста рикота зачинета со босилек, малку зачинета чајна и песто со сушени домати… навистина вкусна комбинација!

fokacha so rikota, chajna i pesto od susheni domati

Време на подготовка: 1 час
Подготовка: средна
Порции: 4

Состојки
ЗА ТЕСТО
500 грама брашно
5 гр. пивски квасец
маслиново масло
230 гр вода
сол
шеќер

ЗА ПОЛНЕЊЕ
16 парчиња чајна
300 гр рикота
5 листови свеж босилек
неколку листови марула
песто од сушени домати

ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ НА ФОКАЧИТЕ
маслиново масло (по вкус)
млака вода (по вкус)
крупна сол (по вкус)

Подготовка

  1. Започнете со подготовка на фокачите од вечер околу 19 часот, за да ги подготвите следниот ден за ручек.
  2. Во миксер ставете брашно, шеќер, сол и масло и започнете да мешате додавајќи ја водата полека. Откако ќе додадете околу половина од водата, додадете го квасецот и продолжете да миксирате додека не ја додадете цела вода, и ќе добиете меко, еластично и нелепливо тесто. Пренесете го на работна површина со малку наросено брашно, измесете го со рацете давајќи му кружна форма и ставете го во стаклен сад подмачкан со малку масло. Покријте со фолија ставете во фрижидер.
  3. Следниот ден, извадете го тестото од фрижидер на околу 13 часот и оставете го да се подигнува на собна температура еден час. Потоа лесно измесете на работната површина и формирајте околу 8-10 топчиња од по 80 грама секое. Ставете ги на плех за печење покриен со хартија за печење, израмнете ги со рацете и покријте ги додека не се зголеми волуменот.
  4. Откако ќе се подигне, формирајте мали вдлабнатини на површината на тестата со помош на прстите. Подгответе топла вода и масло во (50-50) и искористете го за нежно да ги намачкате тестата со четка. Ставете сол на површината и печете ги на 220 ° C сè додека не станат златно кафеави.
  5. Исечете ги листовите босилек и измешајте ги со рикотата. Исечете ги фокачите на половина, намачкајте ги со рикота, ставете лист марула и одозгора околу 4 парчиња од чајната, додадете неколку лажички песто од сушени домати и затворете ги со другата половина од фокачата. Вашиот сендвич од фокача е подготвен!

Добар апетит!

Употребени производи