ФАГОТИНИ СО ПЕЧУРКИ И 4 СИРЕЊА

Интересна комбинација на вкусови се полнетите фаготини со печурки и крема од 4 вида сирење. Вкусни, кремасти, крцкави, сѐ во едно! Пробајте и уверете се!

Време на подготовка: 80 минути
Подготовка: средна
Порции: 4
Состојки
8 кори за лиснато тесто
95 гр печурки
450 гр крема 4 сирења
маслиново масло
сол
бибер
Подготовка
- Во еден сад ставете ги исцедените печурки и кремата од 4 сирења и измешајте.
- Во тава со хартија за печење, ставете две кори тесто една врз друга. Во средината ставете од смесата од печурки и крема од 4 сирења.
- Затворете ги корите како торбички со готварски конец без многу да стегате.
- Премачкајте ги со масло и печете на 200 степени околу 15-20 минути, или додека не станат златкасти.
- Откако ќе бидат готови, во чиниите за сервирање ставете од кремата 4 сирења, убаво распространете и одозгора ставете ги печените фаготини и малку бибер.
- Сервирајте.
Добар апетит!