ЦВЕТ СО СИРЕЊЕ

cvet so sirenje

Рецепт кој го гарантира задоволството, брза и крцкава закуска, одлично во комбинација со ладно пиво. Во внатрешноста крие една тајна состојка која е навистина превкусна…

cvet so sirenje

Време на подготовка: 100 минути
Подготовка: средна
Порции: 5 

Состојки

ЗА ТЕСТОТО
400 гр брашно
15 гр сув квасец
4 лажици масло
2 лажички сол
250 мл вода
100 гр кашкавал

ЗА ПОЛНЕЊЕТО
400 гр крема 4 сирења
сечкани перки од млад кромид (по желба)
1 сечкано чешне лук
100 мл пиво

ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ
1 жолчка од јајце

Подготовка

  1. Во сад ставете ги сите состојки потребни за тестото (освен кашкавалот). Измесете и оставете на страна на топло да се одмори тестото околу 1 час. Потоа, поделете го тестото на 12 дела и формирајте мали сферни форми со иста големина и во секоја од нив ставете по една коцка кашкавал.
  2. Во кружна тава наредете ги во круг топчињата тесто.
  3. Во друг сад измешајте ги состојките за полнењето и ставете го во средина на тавата со тесто.
  4. Тестото премачкајте го со жолчка од јајце за да добие златкаста боја при печењето.
  5. Врз смесата за полнење ставете малку рендан кашкавал.
  6. Печете 30 минути на температура од 180 степени.
  7. Сервирајте.

Добар апетит!

Употребени производи

Преземено од: https://www.degustibus.co/fiore/