ЧОРБА ОД МЕШУНКИ

Супа од мешунките е хранливо и здраво јадење. Може да го конзумирате жешко за уживање во студените зимски денови или млако во текот на целата година. Доколку го подготвите како единечно јадење, одлично е придружено со крцкави лепчиња или кубети.

Време на подготовка: 60 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
500 гр мешавина од мешунки
2 моркови
2 компири
150 домати
1 чешне лук
1 кромид
1 целер
микс од ароматични билки
1 л зеленчукова супа
4 лажици маслиново масло
Подготовка
- Подгответе ја супата од зеленчук, исплакнете ги мешунките под проточна вода, исцедете ги добро и поставете ги настрана.
- Во меѓувреме, подгответе мешавина со лук, кромид, морков и целер и пржете со две лажици масло.
- По 5 минути додајте ги мешунките, измешајте неколку минути и потоа додадете ја супата од зеленчук.
- Потоа додадете ги излупените и исечени домати, ароматичните билки: мајчина душица, ловоров лист, рузмарин или зачините што ги сакате, солта, и доведете ја супата до вриење, гответе полека на тивок оган.
- Во меѓувреме излупете ги и исечкајте ги компирите на коцки. Половина час по готвењето, додадете ги излупените коцки компири во супата.
- Откако супа од мешунки ќе биде подготвена, додадете го маслото.
- Сервирајте топло.
Добар апетит!
Употребени производи
Преземено од: https://www.cookist.it/zuppa-di-legumi-misti/