БРЗИ ТЕСТЕНИНИ АЛА КАРЛОФОРТИНА

Тестенините од видот penne со туна, песто и шери домати е традиционално јадење кое е типично за островот Сардинија. Неверојатно брз и лесен рецепт кој ќе направи да уживате во секој залак.

Време на подготовка: 16 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
420 гр тестенини (тип penne)
220 гр туна во масло
200 гр песто
400 гр шери домати
200 гр црни маслинки без семка
маслиново масло
2 чешниња лук
сол и бибер
Подготовка
- Додека се варат тестенините, запржете го лукот во тавче со малку маслиново масло.
- Додадете ги шери доматите и оставете тивко да се готви околу 10 минути
- Згмечете ги доматите со вилушка, додајте ја ситно исецканата туна и сецканите црни маслинки
- Ставете сол и бибер по вкус и гответе неколку моменти.
- На крај додадете го пестото, измешајте и додадете малку од водата во која се вареа тестенините.
- Исцедете ги тестенините и ставете ја во тавчето, додавајќи малку маслиново масло. Потоа исклучете.
- Сервирајте.
Добар апетит!