БРЗА ПИЦА СО КУЛЕН И ПОЛУСУШЕНИ ЖОЛТИ ДОМАТИ

brza pica so kulen i polususheni zolti domati

Пицата е во корените и основата на италијанската кујна. Постојат неограничен број комбинации кога станува збор за пицата, а може да ја употребите и вашата имагинација при подготвувањето. Пицата со кулен и полусушени жолти домати може да биде одлично освежување во вашиот спектар на пици за кои можете да се пофалите дека сте ги пробале.

brza pica so kulen i polususheni zolti domati

Време на подготовка: 30 минути
Подготовка: лесна
Порции: 2 

Состојки
400 гр рендана моцарела/кашкавал
полусушени жолти домати
кулен исечен на кругови
сол
маслиново масло (за премачкување на тавата)

За тестото:
400 гр бело брашно
1 кесичка сув квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол (околу 5 гр.)
3 лажици маслиново масло
240 мл. ладна вода

Подготовка

  1. Измешајте го брашното во голем сад, измешајте го квасецот, потоа додајте го шеќерот, солта, маслиновото масло и малку по малку водата, мешајќи со вилушка.
  2. Откако ќе го измесите тестото, поделете го на два еднакви делови.
  3. Подмачкајте ја тавата (со дијаметар од 28 cm) со масло, раширете ја со сукало едната половина од тестото во големина на тавата. Пренесете го тестото на тавата.
  4. Ставете половина од моцарелата врз тестото и сол по вкус.
  5. Печете околу 12 минути во претходно загреана рерна на 220 ° C.
  6. Пред сервирање, додадете ги полусушените жолти домати и куленот.
  7. Направете ја истата постапка со другиот дел од тестото.

Добар апетит!

Употребени производи