БРЗА ФОКАЧА СО ДОМАТИ, ИНЧУНИ И МАСЛИНКИ

brza fokacha so domati, inchuni i maslinki
brza fokacha so domati, inchuni i maslinki

Време на подготовка: 40 минути
Подготовка: лесна
Порции: 3 

Состојки
300 гр пченично брашно
300 гр вода
2 лажици маслиново масло
1,5 лажичка сол
шеќер
1 кесичка инстант сув квасец
150 гр сушени домати
неколку инчуни на филети во масло
2 полни лажици зелени маслинки без семка
1 лажица капери
оригано
сол
маслиново масло

Подготовка

  1. Вклучете ја рерната на 200 степени и подмачкајте нелеплива тава од 21×29 см со маслиново масло.
  2. Подгответе го тестото за фокача и израмнете го со рацете подмачкани со маслиново масло.
  3. Истурете ги сите состојки одозгора: маслинките исечени на кругови, каперите, ориганото, полусушените домати, додадете маслиново масло и посолете.
  4. Ставете ја во загреаната рерна и печете околу 20-25 минути.
  5. Ако сакате повеќе да потемни, ставете ја неколку минути на функцијата скара.
  6. Сервирајте ја топлата фокача.

Добар апетит!

Употребени производи