БРУСКЕТИ СО ПЕСТО

Брускети со песто се брз и лесен начин за подготвување на мезе што ќе му угоди на целото семејство. Неколку состојки, избрани така што секогаш се со одличен квалитет и вашата брускута е подготвена за неколку минути, за огромно задоволството на непцето на вашите гости.

Време на подготовка: 20 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
8 кришки леб
200 гр песто
сушени домати (по желба)
100 гр шери домати (мешани црвени и жолти)
моцарела (по желба)
маслинки Таџаска (по желба)
пршута (по желба)
2 лажици сечкани бадеми
2 лажици индиски ореви
неколку ливчиња босилек (за декорација)
маслиново масло
сол
Подготовка
- Започнете со зачинување на шери доматите и оставете ги на страна.
- Исечете го лебот, загрејте го добро ребрастото тавче и потпечете го лебот од двете страни.
- Потоа, намачкајте дебел слој од пестото на сите парчиња леб и комплетирајте со останатите состојки:
- песто, шери домати, моцарела и босилек;
- песто, печени бадеми и пршута;
- песто, сушени домати во масло, маслинки Таџаска и индиски ореви.
- Вашите брускети со песто се подготвени.
- Сервирајте.
Добар апетит!
Употребени производи
Преземено од: https://www.ricettedalmondo.it/bruschette-al-pesto.html