БРУСКЕТИ СО ПЕСТО ОД АСПАРАГУС, Ф’СТАК И РАКЧИЊА

brusketi so pesto od asparagus, fstak i rakchinja

Сакате да пробате нешто ново, интересно, полно со различни вкусови, неодоливо, едноставно, лесно… едноставно совршено? Брускетите со песто од аспарагус, ф’стак и ракчиња се вистинскиот избор за Вас! Уживајте во неодоливите вкусови кои ги нуди оваа вкусна закуска!

brusketi so pesto od asparagus, fstak i rakchinja

Време на подготовка: 35 минути
Подготовка: лесна
Порции: 12 парчиња 

Состојки
12 парчиња леб
200 гр песто од аспарагус
200 гр исчистени ракчиња
75 гр исчистени ф’стаци
50 гр млад кромид
50 гр сок од лимета
1 луто пиперче (по избор)
сол
бибер

Подготовка

  1. Во тенџере ставете ги исчистените ракчиња во вода и сварете ги. Откако ќе бидат готови тргнете ги од огин и оставете ги настрана.
  2. Земете ги ф’стаците и издробете ги ситно.
  3. Во сад ставете го пестото од аспарагус и во него додадете ги дробените ф’стаци.
  4. Потоа парчињата леб потпечете ги во загреана рерна неколку минути и кога ќе станат крцкави извадете ги. Може да ставите малку маслиново масло.
  5. Врз топлите лепчиња ставете дебел слој од пестото од аспарагус со ф’стак.
  6. Ракчињата издробете ги и потоа ставете ги врз пестото од аспарагус.
  7. Одозгора декорирајте со кругови луто пиперче, доколку сакате брускетите да бидат пикантни и/или ставете го исечканиот млад кромид.
  8. Исцедете малку сок од лимета и испрскајте ги брускетите.
  9. Додадете сол и бибер по желба.
  10. Сервирајте.

Добар апетит!

Употребени производи