БРУСКЕТИ СО ПЕСТО И СУШЕНИ ДОМАТИ

Брускетите со песто и сушени домати се одлична закуска во секое време бидејќи се подготовуваат многу брзо. Босилекот кој се содржи во пестото, дополнително го истакнува вкусот на сушените домати. Рецептот е едноставен, лесен, вкусен, интересен – триумф на медитерански вкусови!

Време на подготовка: 15 минути
Подготовка: лесна
Порции: 8 парчиња
Состојки:
8 парчиња леб багет
8 сушени домати
8 лажици песто
Подготовка:
- Загрејте ги парчињата багет 10 минути во загреаната рерна на 180 ° C;
- Kога парчињата ќе станат златно-кафени, извадете ги од рерната и оставете ги само 5 минути да се оладат.
- Ставете доза од пестото на секое парче и одозгора ставете по еден сушен домат.
- Сервирајте.
Добар апетит!
Препорака: за дополнителен вкус, на парчињата багет, пред печењето, може да додадете малку маслиново масло
Преземено од: https://www.gustissimo.it/ricette/bruschette-crostini/crostini-con-pesto-e-pomodori-secchi.htm