БРУСКЕТИ СО ПЕСТО И МОЦАРЕЛА

Брускетите со песто и моцарела се супер брзо мезе за служење при попладневен или вечерен аперитив со пријателите. Се подготвуваат едноставно и за само неколку минути ќе имате вкусно мезе по кое сите присутни ќе посегнат.

Време на подготовка: 15 минути
Подготовка: лесна
Порции: 4
Состојки
8 парчиња леб
150 гр бурата или моцарела
80 гр песто
75 гр сушени домати
15 гр индиски ореви
Подготовка
- Исечете го лебот на парчиња и печете го неколку минути во тава, од двете страни.
- Во меѓувреме, пресечете ја моцарелата на парчиња.
- Исечете ги сушените домати на филети.
- Ставете слој од пестото на печеното парче леб, ставете од буратата (или моцарелата) и доматите.
- Одозгора додајте ги индиските ореви.
- Сервирајте.
Добар апетит!