БРУСКЕТИ СО МОЦАРЕЛА И ИНЧУНИ

Крцкави и кремасти, брускетите со моцарела и инчуни во масло се одлично мезе за летните вечери со пријателите. Едноставни за подготовка и едноставни за сервирање, оваа комбинација на состојки ќе ве однесе директно на Медитеранот! Уживајте во брускетите со чаша вино!

Време на подготовка: 10 минути
Подготовка: лесна
Порции: 6 брускети
Состојки
6 парчиња леб
300 гр моцарела (или страчатела)
12 инчуни во масло
оригано (по вкус)
12 капери
Подготовка
- Потпечете ги парчињата леб во рерна.
- Откако ќе се испечат, одозгора ставете од моцарелата (или страчателата).
- Ставете на секоја од брускетите по две инчуни, неколку капери и потоа малку оригано.
- Сервирајте.
Добар апетит!