БРУСКЕТИ СО ЦРН НАУТ

brusketi so crn naut

Брускетите со црн наут и блитва се одлично јадење кое содржи состојки со висока хранлива вредност. Не само што е вкусно, туку е навистина здраво и богато со растителни влакна и антиоксиданти. Одлично мезе кое ќе ги воодушеви сите.

brusketi so crn naut

Време на подготовка: 15 минути
Подготовка: лесна
Порции: 2 

Состојки
200 гр црн наут
250 гр блитва
неколку парчиња леб
1 чешне лук
3 лажици маслиново масло
сол
бибер

Подготовка

  1. Исчистете ја блитвата и одделете ги листовите. За овoј рецепт користете ги само листовите. Измијте и исплакнете внимателно. Варете ги во тенџере со зовриена вода околу 10 минути. Исцедете добро.
  2. Исцедете го црниот наут.
  3. Во нелеплива тава, ставете ги листовите блитва заедно со едно згмечено чешне лук, зачинете со сол и бибер и гответе околу 10 минути. Додадете кутлача вода и две зрна црн наут и оставете неколку минути.
  4. Потпечете ги парчињата леб најмалку 1 минута.
  5. На парчињата печен леб ставете малку маслиново масло и потоа додадете ја смесата од блитва и лук и одозгора ставете го црниот наут.
  6. Сервирајте.

Добар апетит!

Употребени производи