АРАНЧИНИ СО 4 ВИДА СИРЕЊЕ

Аранчините со 4 вида сирење се вистински триумф кој ќе ѝ даде на вашата кујна една поинаква димензија. Вкусни, крцкави, кремасти… сѐ што може да посакате во едно јадење. Уживајте во нивната интересна подготовка и неодолив вкус!

Време на подготовка: 80 минути
Подготовка: средна
Порции: 4
Состојки
300 гр ориз
250 гр крема од 4 сирења
2 кесички шафран
1 кромид
1 чаша бело вино
3 јајца
30 гр путер
масло за пржење
лебни трошки
сол
бибер
1 и ¼ зеленчукова супа
Подготовка
- Исечкајте го кромидот и ставете го во тавче со две лажици масло и 30 гр путер и пропржете го. Додадете го оризот, пропржете го, а потоа додадете го виното и оставете да испари.
- Ставете го оризот да се готви и постепено додавајте од зеленчуковата супа, во која претходно го имате ставено шафранот (потребни се околу 18 минути).
- Тргнете го од огин тавчето со ориз и мешајќи додадете уште малку путер.
- Кога оризот ќе стане млак, додадете едно јајце, измешајте и оставете да се одмори околу еден час.
- Намокрете ги рацете и започнете со формирање на аранчините. Земете од оризот и со дланките формирајте топки во коишто во средината ќе ставите по една лажичка од кремата 4 сирења и убаво затворете ги.
- Во чинија изматете ги преостанатите 2 јајца и додадете малку сол.
- Аранчините натопете ги прво во матените јајца, а потоа ролајте ги во лебните трошки.
- Во тавче ставете масло и кога убаво ќе се загрее ставете ги аранчините да се пржат.
- Кога ќе заруменат, извадете ги од тавчето и исцедете ги.
- Сервирајте.
Добар апетит!