АРАНЧИНИ

arachini

Аранчините од ориз се гордост на сицилијанската кујна. Тие се мали и округли, одлични како закуска или мезе, па дури и како единечно јадење. Во Сицилија можете да ги најдете насекаде и во секое време, секогаш топли и миризливи. Постојат околу 100 варијации и во различни градови честопати менуваат облик и големина во зависност од полнењето.

arachini

Време на подготовка: 60 минути
Подготовка: средна
Порции: 12 парчиња 

Состојки
1 пакување шафран
30 г. путер
500 гр ориз Арборио
сол
1,2 л вода
100 гр рендан кашкавал или фондута

ЗА ПОЛНЕЊЕ СО РАГУ
сол по вкус
бибер по вкус
½ кромид
25 гр путер
100 гр мелено месо
маслиново масло по вкус
200 мл доматно пире
80 гр грашок
50 гр кашкавал
50 мл црвено вино

ЗА ПОЛНЕЊЕ СО ШУНКА
30 гр шунка
60 гр моцарела

ЗА ПОХУВАЊЕ
200 гр брашно
сол
300 мл вода
лебни трошки по вкус
сончогледово масло

Подготовка

  1. Варете го оризот во 1,2 врела солена вода додека не ја апсорбира цела вода.
  2. Гответе околу 15 минути, а потоа растворете го шафранот во многу малку врела вода и додадете го во зготвениот ориз.
  3. Додадете го и сечканиот путер.
  4. Додадете го ренданиот кашкавал и измешајте добро.
  5. Потоа истурете го и израмнете го оризот на широк и низок плех и покријте го со проѕирна фолија, за да се излади целосно (фолијата ќе спречи да се исуши оризот).
  6. Оставете оризот да се одмори неколку часа надвор од фрижидерот. Во меѓувреме, посветете се на полнењето.
  7. Исчистете го и ситно исечете го кромидот.
  8. Ставете го исечканиот кромид во тава со 2 лажици масло и путер, додадете го меленото месо; пропржете на висока топлина, а потоа додадете го виното и оставете го да испари.
  9. Додадете го доматното пире, зачинете со сол и бибер по вкус и варете го на тивок оган покриен најмалку 20 минути.
  10. Некаде во средината на готвењето, додадете грашок (доколку е потребно можете да додадете многу малку топла вода).
  11. Додека грашокот се готви, исечете го кашкавалот, шунката и моцарелата на коцки.
  12. Откако оризот ќе се олади целосно (ќе потрае барем неколку часа), можете да формирате аранчини. За да ви биде полесно формирањето на аранчините, ставете покрај себе чинија полна со вода, за да можете да ги навлажнувате рацете. Земете неколку лажици ориз одеднаш (околу 120 гр ориз), натапкајте го во дланката формирајќи простор за полнењето и ставете лажичка рагу и додадете неколку коцки кашкавал.
  13. Потоа затворете ја основата на аранчиното и обликувајте ја во зашилена форма (оваа форма можете да ја направите за сите аранчини со рагу).
  14. За аранчините полнети со шунка, пополнете го секое аранчино (кое се состои од околу 130 гр ориз) со исечена шунка и моцарела. Обликувајте ги, давајќи им округла форма.
  15. Откако ги подготвивте сите аранчини, подгответе за похување: во сад истурете го брашното, малку сол и малку вода. Измешајте внимателно за да избегнете грутки.
  16. Потоа, потопете ги аранчините, едно по едно, во смесата, внимавајте да ги покриете целосно и потоа ролајте ги во лебните трошки.
  17. Во тенџере загрејте го маслото и доведете го на температура од 170 °. Пржете ги едно по едно или најмногу две одеднаш. Кога ќе станат златно-кафеави, можете да ги исцедите ставајќи ги на послужавник обложен со хартија.
  18. Сервирајте.

Добар апетит!

Употребени производи