Маслиново масло Класико
485.00 ден
Маслиновото масло на Олио Данте „Класико“ е мешавина од рафинирани маслинови масла на кои им се додава екстра девствено маслиново масло со одличен квалитет. Има златно жолта боја која е матна по изглед. Пријатно ја подобрува аромата на храната без да ја покрие и одлично одговара на сите јадења од италијанската кујна.
Маслиновото масло Данте е исклучително разноврсен производ за употреба во кујна и е особено погоден за правење јадења во кои сакате да ги зачувате оригиналниот вкус и арома на храната.Погоден за секаква употреба, има голема отпорност на високите температури достигнати за време на готвењето. Затоа е особено е добар за подготовка на крцкав помфрит. Идеален е за подготовката на зимница и меки и нежни десерти.
Маслиновото масло, освен што е вкусно, тоа е и одлично за Вашиот организам. Ќе Ви помогне да размислувате побрзо бидејќи е полно со здрави масти. Липидите во маслото помагаат при одржувањето на нервните патишта во вашиот мозок, а ова им овозможува на мозочните импулси да се движат поефикасно. Исто така, тоа е суперхрана за Вашето срце, ја подобрува и работата на дигестивниот систем, а може и да Ви помогне во процесот на губење на телесната тежина. Маслиновото масло преку антиоксидансите го спречува процесот на стареење, што значи дека Ве одржува млади, а ја одржува и свежината на Вашите нокти, кожа и коса.
Грамажа: 1000мл
На залиха