Телефонски нарачки на 070271543. Бесплатна достава над 2000,00 ден. Достава во Скопје во ист или нареден работен ден во избран термин. Достава во останатите градови во 1 работен ден.

Search
Close this search box.

Масло и оцет

Се прикажуваат сите 8 резултати

  • Toschi – Бел дресинг

    Белиот дресинг е многу посебен, лесно обоен, специјално дизајниран за луѓе кои претпочитаат полесни ноти кои не ја менуваат бојата на храната.
    Има деликатен, нежен вкус со поинтензивна арома, совршен за ароматизирање и збогатување на безброј различни јадења.

    Грамажа: 500 мл
    Пакување: Стакло

    Quick View
  • Глазура Gino Toschi 500g

    Глазурата Gino Toschi со Балсамико оцетот од Модена е извонредна новина на Toschi, посветена на сите оние кои сакаат вкусни и креативни јадења. Со својата практичност и иновативност, Balmì глазура ја отелотворува целата традиција и вкус на Балсамико оцетот од Модена и е веднаш подготвена за употреба, не треба да се готви. Многу е лесна за употреба: доволна е мала количина за подобрување на вкусот на секое јадење, од предјадења до десерти.Gino Toschi глазурата е оригинална алтернатива на мајонез или кечап. Извонредна е за месо на скара и со пршута. Совршена на пржена, варена или риба на скара.Незаменлива на сиров или варен зеленчук. Одличен додаток за помфрит. Неодолива на јагоди, сладолед или панакота.

    Quick View
  • Toschi Традиционален Балсамико Оцет Од Модена DOP Стар 12 Години 125ml

    100% направен од типично грозје од Модена.

    Стареен најмалку 12 години во буриња од различни видови дрва.

    Дегустирајќи го традиционалниот оцет балзамико од Модена е како да правите прошетка низ сончеви и плодни површини, по канали, ровови и дрвја и како да се протнувате низ лозја.

    Капка по капка, пробувајќи го е како откривање нова територија, неговата историја и неговите мириси.

    Внимателно избранo од најдобрите видови грозје, варени на отворено, со грижа и трпеливост, оставени да отстојат во вредни дрвени буриња, стареено најмалку 12 години по најстарите рецепти на Модена, внимателно следено и, крајниот резултат – Традиционалниот оцет Балзамико од Модена е врвот во спектарот на нашите производи.

     

    Карактеристики

    Густ, сирупен и пријатно ароматичен, најдобро се изразува кога се користи сиров со јагоди или Пармиџано Реџано.

    Пакување: Стакло 125 мл.

    Во кутија за подароци, содржи брошура со рецепти и историја на производот.

    Quick View
  • Toschi Due Diamanti 1000ml

    Рафинирано најмалку два месеци во дабови буриња, прилично кисело. Идеално за оние кои сакаат силни вкусови. Го препорачуваме за сирова храна и салата. Во гастрономијата може да се загрева за да се направи поконцентриран, погуст и помалку кисел.

    Пакување: Стакло 1000 мл

    Quick View
  • Toschi Gemma Nera Gold 250ml

    Врвот на производството во однос на густината, Балсамико оцетот од Модена IGP Gemma Nera Toschi се карактеризира со полно тело и слатко-горчлив, заоблен и кадифен вкус.

    Gemma Nera е создадена со соединување на едноставни природни состојки како што се ширата и винскиот оцет, без додавање карамела. Како резултат се добива додаток, односно состојка, која претставува едно вистинско сетилно искуство.

    Карактеристичниот и препознатлив мирис и темната боја со интензивен сјај го придружуваат целосниот и постојаниот вкус кој се чувствува на непцето. Балсамико оцетот Gemma Nera Toschi има разновиден карактер: совршен во салата, на месо и на риба, на пржена храна, на пармезан, на јагоди и сладолед. За иновативно кулинарско искуство, пробајте го Балсамико оцетот од Модена IGP Gemma Nera Toschi во комбинација со суши и темпура.

    Пакување: Стакло 250 мл.

    Quick View
  • Toschi Aceto Balsamico Biologico 250ml

    Направено од грозје одгледано на органска почва, произведен според регулатива CEE 834/2007, сертификат BIOAGRICERT. Идеално за оние кои сакаат строгост во исхраната и за оние што редовно конзумираат органска храна. Го препорачуваме во сирова храна и салата.

    Quick View
  • Глазура Gino Toschi 250g

    Глазурата Gino Toschi со Балсамико оцетот од Модена е извонредна новина на Toschi, посветена на сите оние кои сакаат вкусни и креативни јадења. Со својата практичност и иновативност, Balmì глазура ја отелотворува целата традиција и вкус на Балсамико оцетот од Модена и е веднаш подготвена за употреба, не треба да се готви. Многу е лесна за употреба: доволна е мала количина за подобрување на вкусот на секое јадење, од предјадења до десерти.Gino Toschi глазурата е оригинална алтернатива на мајонез или кечап. Извонредна е за месо на скара и со пршута. Совршена на пржена, варена или риба на скара.Незаменлива на сиров или варен зеленчук. Одличен додаток за помфрит. Неодолива на јагоди, сладолед или панакота.

    Quick View
X